Ковачевски призна дека има злоупотреби при вработувањето преку „Балансер“
Ковачевски призна дека има злоупотреби при вработувањето преку „Балансер“

Продолжува проблемот со работењето на балансерот за вработување. Менувањето на етничката припадност за работа стана секојдневие. Последно, во јавното претпријатие Национални шуми се бараше вработување на десетици Албанци во региони каде што скоро и да нема Албанци, односно Пехчево, Кавадарци и Берово. Проблемите со балансерот ги признава и премиерот Димитар Ковачевски. Според него, етничката припадност може да биде и професија. За да се најде решенија и да се направат промени треба компримис од сите страни.
Во минатото имаше многу злоупотреби на балансерот. Многу граѓани ја менуваат изјавата за својата етничка припадност само за да влезат ан некој конкурс за вработување во државна институција. Последниот случај беше во јавната радиотелевизија каде се бараше Албанец пожарникар, а Комитетот за селекција одлучи да прифати лице со македонско име и презиме кое се декларирало како Албанец.
Дизајнерот на балансот, Министерството за администрација и информатичко општество, сè уште нема решение како да се спречат ваквите злоупотреби на балансерот. Пред некое време, Министерството за правда се обиде да го реши ова прашање преку графа за етничка припадност во изводите од матични книги, но Уставниот суд го суспендираше ваквото решение./Алсат.мк
Авни Тахири