МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Ретроградни сили во двете држави влијаат врз позитивниот дијалог со Бугарија

Со бугарската страна бевме подготвени на дијалог што ќе ја врати позитивната атмосфера, но исто така бевме свесни и дека веднаш ќе се појават ретроградни сили коишто ќе настојуваат да го попречат процесот, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „200“ на Алсат, премиерот Димитар Ковачевски.

Advertisements

„Двете влади бевме свесни дека ќе се појават ретроградни сили коишто ќе гледаат да го попречат тој процес. Бидејќи тие сили, коишто ги има и во едната и во другата држава, своето политичко битисување го темелат на овој проблем. Бидејќи ако не постои проблемот тие не може да постојат како политичка парадигма“, рече Ковачевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button