МАКЕДОНИЈА
Ковачевски: Сѐ уште нема заеднички прифатлив документ со Бугарија

Сѐ уште нема договор со Бугарија којшто е прифатлив за двете страни, рече во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат премиерот Димитар Ковачевски. Како што додаде тој, кога ќе се дојде до таа точка, документот би бил споделен со останатите политички фактори во државата.
„Во моментот комуникацијата е помеѓу министерствата. Се разменуваат идеи. Не постои финален документ којшто може да биде прифатлив за двете страни. Доколку се дојде до таков документ, којшто е прифатлив, нормално дека низ институциите ќе биде споделен со политички актери во државата, а местото за тоа е Собранието“, рече Ковачевски.