ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Ковачевски се извини за руската фискална сметка во владиното видео

Премиерот Димитар Ковачевски упати извинување во име на монтажерите коишто работеле на продукција на видео материјалот емитуван за време на денешната конференција „Година на нови можности“, а во кое се појавува руска фискална сметка.
„Имаше таква секвенца, јас не би им замерил…, односно ајде и да им замериме…, меѓутоа ако некој работи и направи грешка, луѓето што работеле на видео продукција и искористиле снимка којашто ја монтирале во видеото, сметам дека, еве јас, можам да дадам одредено извинување во име на тие коишто професионално работат на монтажа на видеа“, рече Ковачевски.