ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Се поклонуваме на борците кои го поразија фашизмот и оддаваме почит на сите кои придонесоа за европската идеја

Се поклонуваме на борците кои ги положија животите за пораз на фашизмот, од чии рушевини е изнедрена македонската државност, се вели во пораката со која премиерот Димитар Ковачевски во име на Владата и во свое име го честита 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

„Оддаваме почит и на сите кои придонесоа за големата европска идеја и изградбата на Европската Унија. Нашата држава секогаш преку дела е на вистинската страна на историјата. Беше на бојните полиња во Втората светска војна, меѓу прогресивните антифашистички сили. Е и денес, рамо до рамо во НАТО и со државите членки на Европската Унија, во одбраната на мирот“, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button