Ковачевски сè уште не ги вика приватните превозници на средба
Ковачевски сè уште не ги вика приватните превозници на средба

Приватните превозници сè уште ја чекаат средбата со премиерот Ковачевски, додека граѓаните сè уште долго чекаат автобуси, често и повеќе од еден час. „Слобода превоз“ и „Макекпрес“ ги повлекоа автобусите по блокирањето на булеварите, бидејќи премиерот јавно им вети средба по завршувањето на ревизорскиот извештај од Управата за јавни приходи. Извештајот е комплетиран и врз основа на него не се констатирани неправилности кај приватните превозници. Кемал Муриќ од „Слобода превоз“ се надева дека премиерот нема да го заборави ветувањето.
Откако приватните превозници се повлекоа, некои линии немаат автобуси, како што е линијата со број 45, а на местото на 10-тте автобуси, сега има само два.
Алсат испрати прашања до Владата дали наскоро планираат да ги повикаат приватните превозници на состанок и дали има некој конкретен предлог за нив, но одговор не добивме. Молк и од Град Скопје. Генезата на овој проблем е пред неколку месеци кога приватните превозници почнаа да си ги бараат парите кои според нив им ги должат Град Скопје и Јавното сообрачајно претпријатие. Градот демантираше дека должи, па страните ќе се сретнат на 9 февруари на суд./Alsat.mk
Еви Шкопи