ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Ковачевски: Ќе ја вратиме довербата во институциите

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски го доби мандатот за состав на новата влада од страна на претседателот на државата, Стево Пендаровски. По добивањето на мандатот Ковачевски меѓу другото рече:
„Од денес започнувам со формирање на новиот тим луѓе кои треба да одговорат на сериозните предизвици кои нѐ чекаат од почетокот на новата година. Новата влада ќе има јасна цел – обезбедување сигурност, подобар живот и светла иднина за нашите граѓани. Моја лична заложба е да ја вратиме довербата на граѓаните во политиката и институциите“, рече Ковачевски.