ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски смени осум од 17 члена на Извршниот одбор

Luka Andreev

Advertisements

Доктори, професори и економисти се дел од новиот Извршен одбор на СДСМ, предложен од новиот париски претседател. Ковачевски смени 8 од 17 члена на Извршниот одбор кои беа дел од најтесното ракводство кога претседател беше Зоран Заев. Меѓу новите членовите во Извршниот одбор се докторката Снежана Захариева, архитектот Мишко Ралев, Даниела Колева, Дритон Исмаили, но и екс генералниот секретар во времето на Бранко Црвенковски, Андреј Петров. Ковачевски најави демократизирање и реорганизирање на партијата, ново поглавје на СДСМ и промена во комуникацијата со граѓаните.

„Започнуваме процес на целосно отфрлање на внатрепартискиот клиентелизам. Ова е предизвик на кој СДСМ сериозно ќе работи и ќе биде предводник во отфрлање на клиентелизмот во секој сегмент од општественото работење. Одлики на новото раководство ќе бидат одговорност, ефикасност во спроведувањето на ветеното, чесно работење и отчетност“, рече Ковачевски.

Ковачевски информира дека при изборот се водел од родовата застапеност. Од четворицата потпретседатели пак, оваа функција ќе продолжи да ја врши само Фатмир Битиќи, а на местата на Мила Царовска, Венко Филипче и Оливер Спасовски седнаа Бисера Костадиновска Стојчевска, Перо Костадинов и Стефан Богоев.

Опозиционерите обвинија дека новиот тим е тим кој губи и СДСМ останува олигархиска партија.

„Ништо не е сменето во СДСМ, истите луѓе кои кога сами за себе велеа дека имаат плава крв сега се на чело на СДСМ. Ковачевски е продолжена рака на заевизмот. Димитар Ковачевски е човекот кој се поклонува на Заев и го надоградува заевизмот“, рече Драган Ковачки – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Од Бихаќка пак, одговорија дека ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да се менува.

Лука Анфреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button