ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски со коментар за петардите на Дрин Ахмети

Ковачевски со коментар за петардите на Дрин Ахмети

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека политиката не се меша во кривичната постапка против Дрин Ахмети, внук на претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Тој беше уапсен на 30 декември откако во неговиот автомобил беа пронајдени стотици пиротехнички средства. Ковачевски денеска искоментира дека случајот му е предаден на обвинителството од каде треба да постапат согласно законот како и со секој друг граѓанин.

Advertisements

Во меѓувреме, Јавното обвинителство сè уште нема одговор дали е завршено вештачењето на пиротехничките средства, ни пак кажуваат дали е прецизирано кривичното дело за кое ќе се гони. Во автомобилот на Дрин со албански регистарски таблички полицијата заплени околу 750 пиротехнички средства чија вредност изнесува неколку илјади евра. Тој тврдеше дека биле купени легално како подароци за внуците.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button