ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Ковачевски стана мандатар, нова Влада во средината на јануари

Новиот лидер на СДСМ Ковачевски по добивањето на мандатот од претседателот изјави дека со денешниот ден започнува формирањето на новиот владин кабинет. Тој има 20 дена да ги избере министрите, но очекува тоа да се случи побрзо. Фокусот на новата Влада ќе биде ставен на економската состојба на граѓаните и финансиската поддршка за семејствата.
Предлогот со имињата на новиот владин кабинет се очекува да пристигне во Собранието на 10 или 11 јануари, а седницата ќе се одржи викендот на 15 и 16 јануари.