ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Стоиме рамо до рамо со нашите сојузници

Република Северна Македонија го слави Денот на НАТО со полно право како 30-та земја членка на Алијансата – најмоќниот воен сојуз во светот изграден и заснован на највисоките цивилизациски и демократски вредности. Нашата земја е фактор за стабилност и безбедност во регионот во која граѓаните имаат сигурна иднина, изјави премиерот Димитар Ковачевски, на одбележувањето на Денот на НАТО – 4 Април, настан во организација на  Евроатлантскиот Совет на Северна Македонија, а во соработка со Министерството за одбрана, Едукативниот Центар М6 и НАТО Секторот за јавна дипломатија од Брисел.

Advertisements

На Денот на НАТО, Ковачевски рече дека гордо стоиме рамо до рамо со нашите сојузници и заедно градиме просперитетно, мирно и слободно општество – вредностите на НАТО и ЕУ и вредности на граѓаните на Северна Македонија – Ние сме НАТО.

– Процесот на интеграција во НАТО Алијансата беше долг, но сега во криза гледаме колку значи да се биде земја чија безбедност се гарантира од страна на најголемиот безбедносен и одбранбен сојуз. Продолжуваме мотивирано и одлучно кон остварување на втората наша стратешка цел – членство во ЕУ. Ја имаме целосната поддршка од САД и нашите европски партнери и високо ги цениме пораките за забрзување на отворањето на пристапните преговори со ЕУ, изјави Ковачевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button