ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Тезите дека постои светска завера, одат во прилог само на тој што ги кажува

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека го зачудува ставот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека светот и Европа се свртеле против нив во однос на уставните измени. Пласирање на тези дека постои светска завера, наведува премиерот, во ниту еден случај не им оди во прилог на граѓаните ниту на државата, освен на политичка кариера на тој што го кажува.

Advertisements

-Ставот мене ме зачудува. Јас имав интервју на една од националните телевизии на крајот на минатата недела кога кажав дека тоа што го слушам од сегашниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ многу ме потсетува на 11-те години на претходниот претседател, а тоа е дека постои некоја светска завера против нас. Тоа што го слушнав беше дека светот и Европа се здружиле против Македонија. Такво нешто слушавме и во минатото“, рече Ковачевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button