ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Ковачевски: Уставните измени не загрозуваат ни едно македонско идентитетско прашање

Предлогот за дополнување на Уставот има само единствена релација и мотив – влез во Европската Унија, тоа што го бараат граѓаните, а уставните измени кои се пред нас не загрозуваат ни едно македонско идентитетско прашање. Ние заради нас самите мора да бидеме европска држава. Знам дека овој пат не е ни лесен ни краток, но цврсто знаеме дека ново вето од кој било нема да има на европскиот пат, порача премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето на 123-тата седница на Собранието на која единствена точка на дневен ред е Предлогот за пристапување кон измена на Уставот со кој се предвидува вметнување на Бугарите и на уште пет етнички заедници во преамбулата на Уставот.