ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Утре напладне одлука за учество на самитот на ЕУ

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на неговиот официјален Фејсбук профил информира дека во пресрет на претстојниот ЕУ-Западен Балкан самит денеска одржал вонреден состанок на Отворен Балкан заедно со неговите колеги, српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама.

Advertisements

„Разговаравме за националните позиции на секоја од земјите, регионалните перспективи како и за динамиката на евроинтеграцискиот процес. Се согласивме дека по дополнителни интерни консултации, утре претпладне ќе ја донесеме финалната одлука за нашето учество на ЕУ-Западен Балкан самитот во Брисел“, напиша Ковачевски на Фејсбук.

Тој додаде и дека разговарале и за повеќе теми кои се важни за регионот и покренале иницијатива за Агенција за привлекување инвестиции на Отворен Балкан, која ќе овозможи дополнителен економски развој за регионот. Тема на разговор, како што посочи, бил и претстојниот саем за храна вино и туризам кој треба да се одржи во Белград, како и повеќе други теми кои произлегле од последниот Самит на Отворен Балкан кој се одржа во Охрид.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button