ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Ковачевски: Внесена е нова динамика во разговорите со Бугарија

Сите комуникации кои нашето МНР ги има со МНР на Бугарија се во фаза на работни документи, меѓутоа доколку се дојде до одредено решение, коешто ќе биде прифатливо за двете страни, тогаш нормално тоа ќе биде комуницирано, согласно со процедурите, законите и Уставот на државата кај нас, изјави премиерот Димитар Ковачевски.
Ковачевски истакна дека е внесена нова динамика во разговорите со Бугарија и договорен нов пристап во разговорите, свртен на реални теми, а за таа цел беше и заедничката владина седница во Софија и формирани работните групи за економија, инфраструктура, образование и култура и за евроинтеграции.