ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Во моментот не зборуваме за преклопување на датуми за избори, туку за избори во редовен термин

Ние во моментов не зборуваме за преклопување на датуми, ниту за конкретни датуми, туку зборуваме за одржување на избори во редовен термин, за што конечно сите политички партии се сложија дека ќе бидат во редовен термин, рече премиерот Димитар Ковачевски.

Advertisements

-Конкретните датуми зависат од законските решенија во колку дена пред истекот на мандатот се организираат и парламентарните и претседателски избори и нормално дека конкретниот датум секогаш зависи од тоа што ќе биде договорено и што ќе биде подоцна изгласано и предложено пред се од страна на претседателот на Собранието. Така што, ние имаме востановено пракса, востановена парламентарна демократија во којашто ова се смета за прашања коишто се, би рекол, од техничка природа во однос на организирање на изборите, изјави премиерот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button