ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: За 50 дена покажавме дека можеме да одговориме на предизвиците

Ефектите кои ќе бидат постигнати од економските мерки според премиерот Димитар Ковачевски ќе бидат големи и позитивни. Тој вели дека Владата во изминатите 50 дена покажала дека може да се справи со предизвиците и да ги насочи парите таму каде што е најпотребно – за финансиска поддршка на граѓаните и компаниите. За опозицискиот лидер Христијан Мицкоски мерките се задоцнети, а власта ја обвини дека жиее во свет на лаги предводен од заевисти.

Advertisements

”Со новиот пакет 26 мерки 400 милиони евра од буџетот насочуваме за поддршка на граѓаните и компаниите. Покрај сите овие кризни мерки, ја покачивме и минималната плата на 18.000 денари и имаме рекордно покачување не пензиите како и финансиска поддршка за пензионерите”, изјави Ковачевски

„Тоа се два паралелни света, едниот каде што огромно мнозинство македонски граѓани живеат, а тоа е оној свет каде што луѓето едвај крај со крај врзуваат од први до први. И оној каде што малкумина послушници на заевизмот во кој што прв е сега Ковачевски живеат и кој што нормално печалат на грбот на граѓаните. Едниот свет е реалниот, а другиот свет е оној паралелниот во кој што овие граѓани живеат во заевизмот“,  Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ /Алсат.мк

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button