Ковачевски: За јазикот и идентитетот не се преговара, уставното уредување дозволува индивидуални права да се остваруваат колективно

За македонскиот јазик и идентитет не се преговара со Бугарија, а Уставот дозволува индивидуалните права да се остваруваат колективно, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат премиерот Димитар Ковачевски. Запрашан дали ако земјава добие чисто решение за јазикот, а Бугарија ветување за промена на Уставот со вметнување на бугарите до отворање на првиот кластер, е добра основа за компромис, Ковачевски вели:
„Јазикот и идентитетот на македонскиот народ, од секој аспект, ниту се преговара ниту ќе биде предмет на преговори. Граѓаните во тој дел може да бидат спокојни. Во однос на Уставот…нашиот Устав дозволува, односно уставното уредување, индивидуалните права на самоопределување да се остваруваат колективно. Дополнително, секоја земја којашто претендира да влезе во ЕУ, на патот за влез во ЕУ, го отвора својот Устав со цел да го прилагоди на законодавството на ЕУ бидејќи одредени надлежности се предаваат на институциите на ЕУ.“, рече Ковачевски.