ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски за „Соравиа“ и Али Ахмети: „Прашајте во приватните фирми“

Кога станува збор за проверка на потеклото на богатството на физичките лица, Антикорупциска крева раце. Внукот на првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, не е избрано или именувано лице, па затоа Државната комисија за спречување на корупцијата нема надлежност да постапува по овој случај, вели првата антикорупционерка, Билјана Ивановска.

Advertisements

Внукот на Ахмети со денови е во фокусот на јавноста поради купувањето на трговскиот центар Соравиа, кој се наоѓа во срцето на главниот град, иако според возраста е многу млад. Ивановска го повтори апелот дека ни треба Закон за потекло на имотот со кој секој граѓанин ќе може да биде проверен како евентуално се збогатил. Со случајот се занимава и опозицијата. Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека владејачките фамилијарни кланови ја заробиле државата.

И покрај тоа што Законот за конфискација на имотот сè уште останува само ветување, од Владата најавуваат дека проверката на имотот треба да почне од јавниот сектор, од оние кои бараат зголемување на платите, а тоа во случајов се вработените во УЈП и Царината. За „Соравиа“, премиерот Ковачевски вели дека ако некој се сомнева во банкарските трансакции на приватните фирми, има институции надлежни за тоа, но не даде многу детали за случајот.

Изминативе денови јавноста се чуди како внукот на првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, Дрин Ахмети, кој се чини деак е во дваесетите години, преку неговата фирма „Тор индустри“, заедно со албанската компанија „Пе-вла-ку“, ќе го купат големиот деловен центар од 15 илјади квадрати. Ако се продава по барем 2.000 евра од квадрат, тогаш за Соравиа би требало да се искешираат барем 30 милиони евра.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button