ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковид 19; Бројот на новозаболени се намалува, но бројот на починати и натаму висок

Двојно помал број на заразени од Ковид-19, а голем број на смртни случаи се евидентираат во четвриот бран од пандемијата со корона вирусот во земјава. Вчера се регистрирани 41 починато лице како последица од Ковид, а се регистрирани 539 новозаразени. Пред само четири месеци кога имавме трет бран за само неколку дена во април се регистрираа висок број на смртни случаи но тогаш и бројката на новозаразени беше двојно поголема. На втори април имало 1320 новозаразени и 50 починати лица, и на седми април во земјава се регистрирани 1300 случаи и 51 починато лице.

Министерство за здравство

 

                            Регистрирани случаи                    Починати

02.04.2021            1320 случаи                                        50

07.04.2021            1300 случаи                                        51

18.09.2021            539 случаи                                          41

Од Министерството за здравство велат дека во ковид болниците вчера се регистрирани  24 смртни случаи, а останатите 17 лица починале во изминатите неколку денови но преку матичните лекари податоците побавно пристигнуваат до ИЈЗ.

„Вчера Институтот за јавно здравје објави 41 починат пациент од кои во изминатите 24 часа починати се 24 пациенти, останатите 17 починати пациенти се од приватни болници и домашни услови кои починале во изминатите неколку денови. За нив евиденцијата исклучиво оди преку матичните доктори, а ИЈЗ веднаш ги објавува“, велат од Министерство за здравство.

Вчера како последица од ковид почина 18 годишна девојка која немала никакво претходно заболување. Од министерството велат дека девојката на Клиниката за инфективни болести била донесена во тешка состојба со тахикардија.  Според светската статистика, државава е на четвртото место по смртност од ковид-19 на еден милион жители – над 73 лица, заклучно со 17 септември.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button