Ковид 19, се зголемува бројот на случаи

Типот на британски вирус се шири брзо. Бројот на случаи со ковид 19 се зголеми за 4 насто како и хоспитализирани лица. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека во моментот има доволно болнички капацитети и слободни легла.
Филипче додава дека не е исклучена можноста за воведување на нови рестриктивни мерки, доколку ситуацијата продолжи вака.
Инаку, британскиот сој ги има истите симптоми како и другите соеви. Единствената разлика е во тоа што се шири со голема брзина.
„Првичните знаци, клиничките симптоми се исти, а и смртноста е иста. Другите параметри на морбидитет и морталитет секако зависат од состојбата и здравствениот статус на пациентот, постојат истовремени болести, одредени дијагностички аномалии. Ги повикувам сите граѓани да ги почитуваат мерките потенцирани досега. Употреба на маска, растојание и дезинфекција на рацете”.
Во последните 24 часа, 423 пациенти во моментов се опоравуваат во ковид центрите низ болниците на земјата. Вкупниот број на позитивни пациенти кои се лекуваат во инфективните одделенија во главниот град и болниците во земјава е 671, додека во ковид центрите имаат околу 400 слободни легла.
Vjollca Aliti