ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Ковид–отпуштените со предност за вработување

Граѓаните кои го изгубиле работното место поради кризата со Ковид-19 и ранливите категории ќе бидат приоритетни групи за вработување во новиот, но редовен оперативен план за вработување. За него се планирани 25 милиони евра од буџетот. Пред компаниите да добијат било каква поддршка од државата треба да ги запазат строгите критериуми. Прво е да не бидат во загуба, да немаат отпуштено работници или да имаат вработени на неопределено време.

Advertisements

„При изборот на кандидати кои аплицирале за некоја мерка говорам за кандидати како заинтересирани невработени лица, така и кандидати компании коишто аплицираат при изборот треба да ја отсликаме сликата на нашето општеството. Треба да се запази диверзитетот независно од пол, возраст, религиска, етничка припадност на ранливи категории на граѓани“, рече Јагода Шахпаска- Министерка за труд и социјална политика.

Самохрани родители, деца без родители, млади до 29, постари од 50 години, жртви на семејно насилство се дел од категориите за кои државата ќе дава субвенции за плата.

„Програмата самовработување оваа година ќе овозможи 1.762 невработени лица да отворат свој бизнис и да станат претприемачи. Програмата за субвенционирање на плати ќе овозможи поддршка за вработување на 866 невработени лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот, финансиската поддршка изнесува 19 илјади денари месечно субвенција на плата за период од 3,6 или 12 месеци“, рече Абдуш Демири- Директор за Агенција за вработување.

Според податоците, пандемијата остави без работа речиси 19 илјади лица во земјава, а преку оперативниот план, кој ќе трае цела година, власта очекува да се вработат 10.300 лица.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button