ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Крај на јули-почеток на август, тогаш Гаши ќе ги закаже локалните избори

Крај на јули-почеток на август, тогаш Гаши ќе ги закаже локалните избори

Господине Гаши, добредојдовте во ова интервју на Алсат. Европската унија има утврдено одредени рокови во однос на реформските закони. Ве молам, кажете ни како тече работата во Собранието во смисла на динамиката за спроведување на овие многу важни закони?

Advertisements

Ви благодарам за поканата, секогаш е задоволство да бидам гостин на Алсат. Што се однесува до законите и реформската агенда, како што знаете, и во првата фаза, Северна Македонија во однос на усвојувањето и гласањето на законите беше една од земјите – ако не и лидер – на Западен Балкан што со најбрзо и најквалитетно темпо успеа да ја заокружи првата фаза на донесување на законите. Сега продолжува следната агенда, имавме и рок до 30 јуни, некои закони беа донесени на претходни седници, а во прво читање го поминавме и Законот за јавна администрација. Очекуваме на седницата од 9 јули да го поминеме и во второ читање и со тоа да ја заокружиме оваа моментална фаза. Потоа, следува делот со останатите закони што ќе продолжи според ритамот што ќе го одреди Европската унија за темпото на усвојување на законите од страна на овие земји, конкретно Северна Македонија.

Многу е важно за јавноста да знае до каде се реформските закони што се однесуваат на правосудниот сектор. Дали има информации кога овие закони би можеле да пристигнат во Собранието?
Знаете дека формиравме работна група врз основа на препораките од Уставниот суд, која се однесува на Кривичниот законик и на другите закони од областа на правосудството, и јас сум убеден дека од Министерството за правда се во финална фаза и очекуваме секој момент законите да пристигнат во Собранието.

Иако парламентарното мнозинство не го признава тоа, сепак се забележува еден вид застој во однос на законите што се поврзани со Бадентеровото мнозинство. Дали има проблем парламентарното мнозинство со Бадентерот и кои се законите што се доведуваат во прашање поради недостаток на Бадентер?
Секако, како што сум рекол и претходно, кога станува збор за гласањето со Бадентер не можеме секогаш да кажеме дека тоа прашање е апсолутно, бидејќи зависи од законите – односно од тоа како одредени пратеници од немнозинските заедници се изјаснуваат во согласност со конкретниот закон и ние не можеме да прејудицираме дали поминуваат или не. Таков беше последниот случај со законите кои поминаа со голем Бадентер како што се вели, каде се бараат 2/3 гласови и големо мнозинство со Бадентер и ги поминавме. Затоа, да почекаме, законите да ги видиме, во моментот кога ќе судиме дека има услови, се разбира ќе бидеме во заеднички разговор и отворен дијалог и со опозицијата, нашата идеја е секогаш законите да ги донесеме што поконсензуално.

Ќе зборуваме за друго прашање, но се поврзува со двојното мнозинство, околу промените во Изборниот законик кои се во собраниска постапка, поради недостиг на Бадентер овие промени може да не се усвојат, што создава празнина во изборниот процес за кој се подготвуваме. Како може ова да влијае и дали можеме да очекуваме во иднина да се усвојат?

Кога Уставниот суд му се обраќа на Собранието, тоа не значи дека се обраќа на мнозинството туку на сите пратеници и како пратеници треба да се однесуваме одговорно кон барањата и препораките на Уставниот суд и во овој случај кога зборуваме за Изборниот законик, треба секој пратеник да рефлектира и мислам дека во одредено време, во текот на овој месец може да се согласиме и да го гласаме Изборниот законик заедно.

Ќе ве прашам и за вашиот личен став. Дали останува дамка во изборниот процес ако не се усвојат промените во Изборниот законик и ако не се најде решение за независните кандидатури?
Се разбира, секое не- постигнување не е пријатно, сега зборуваме за политичкиот процес, индивидуалната политичка или партиска декларација на пратениците. Тука спикерот на Собранието нема надлежност, тоа е право на секој пратеник или на политичките партии да се произнесат за одредени закони. Затоа, успехот или дамката ќе бидат заедничка одговорност, мислам дека треба да рефлектираме…Мислам дека треба да размислиме и да го гласаме изборниот законик.

Дали локалните избори ќе бидат распишани врз основа на досегашните предвидувања?
Локалните избори ќе бидат распишани врз основа на изборниот законик и законот за локална самоуправа, се разбира. Тука можеме да се повикаме на два члена од изборниот законик, членовите 12 и 16. Првиот има врска со роковите и од моментот на распишување на изборите, не треба да поминат повеќе од 90 дена и не помалку од 70 дена, а членот 16 има врска со фактот дека изборите треба да се одржат во втората половина на октомври. Затоа, имаме повеќе или помалку предвидливи рокови, но и поприближна ориентација, така што не ми останува многу простор помеѓу некои датуми, ќе ги распишам изборите во согласност со овие членови што ги цитирав, во согласност со изборниот законик. Рековме дека е крајот на јули или почетокот на август.

Последно прашање, дали Собранието ќе работи пред и за време на изборната кампања, бидејќи станува збор за локални избори, во минатото имавме случаи кога работеше на итни прашања, а и кога не работеше?

Ќе се обидам да ја зачувам традицијата на работа во Собранието како што беше порано, па ќе продолжиме, бидејќи не сакам да ги нарушам традициите што се добри и воспоставени. Секако, Собранието е постојано во засеадание. Но, за да не се меша во изборниот процес, парламентот секогаш прави пауза од јавниот дел за време на кампањата, од одржување седници и комисии, каде што има судир на пратеници, додека сите служби и пратеници секако имаат право и можат да доаѓаат во парламентот секој ден и да извршуваат други задачи. Што се однесува до седниците и комисиите, ќе ги одржуваат само оние седници што се сметаат за најитни./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button