СПОРТФУДБАЛ

Крај на серијата од 251 натпревар за Ињаки Вилијамс

Фудбалската вест на денот во Шпанија не е некое изненадување или пак спектакуларен гол, туку дека Ињаки Вилијамс не настапи на натпреварот на Атлетик Билбао против Селта.

Advertisements

Фудбалските фанатици често го издвојуваа Инаки Вилијамс (28), првотимецот на Атлетик Билбао, како позитивен пример за лојалност кон клубот. И тоа со причина, бидејќи во претходните шест години овој играч не пропуштил ниту еден од претходните 251 натпревар на својот клуб.

Но, на сè му доаѓа крајот, па така и на оваа неверојатна серија. Вилијамс поради повреда на мускулот не можеше да им помогне на соиграчите на дуелот против Селта.

Последен пат Вилијамс пропушти натпревар на Атлетик на 7 април 2016 година против Малага. Оттогаш, па сè до дуелот со Селта, на Вилијамс не му пречеа полесните повреди, ниту пак акумулираше жолти картони кои ќе донесат автоматска суспензија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button