СПОРТ

Кралски договор за Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо потпиша нов договор со Ал Наср до 2027 година, според кој ќе заработи неверојатни 577,68 милиони евра!

Advertisements

Англискиот „Сан“ открива дека на поранешниот ас на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус му биле понудени и низа бенефиции за да стане „амбасадор од соништата“ за богатите Саудијци, што би требало да ги зголеми неговите приходи на повеќе од половина милијарда евра во следните две години.

Покрај годишната плата од 209 милиони евра, Роналдо добива и бонус за потпишување од 28 милиони евра, кој ќе се зголеми на 44 милиони евра ако ја активира втората година од договорот.

На Португалецот ќе му бидат доделени 15 проценти сопственички удел во клубот, во вредност од 39 милиони евра.

Со бонуси од 4,7 милиони евра за освојување на „Златната копачка“ и 9,39 милиони евра ако Ал Наср ја освои титулата,

Роналдо може да заработи повеќе од половина милијарда евра пред истекот на неговиот нов договор.

Роналдо и неговото семејство ќе бидат кралски згрижени и надвор од теренот.

Ќе има 16 луѓе кои работат со полно работно време – тројца возачи, четири домаќинки, двајца готвачи, тројца градинари и четири обезбедувачи.

Сето ова го плати Ал Наср, по цена од околу 1,17 милиони евра.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button