СВЕТ
Креаторите на руската вакцина за корона номинирани за Нобелова награда

Научниците од Рускиот национален центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеј“ ја направија првата вакцина во светот против вирусот корона и треба да бидат номинирани за Нобелова награда за 2021 година, според комитетот на Државната дума за здравствена заштита.
Како што најави заменик-претседателот на комитетот, Леонид Огуj во интервју за Спутник, ова е научно откритие, чијашто обем тешко може да се процени бидејќи ќе служи за благосостојба на целото човештво. Тој потсети дека новиот вирус предизвика пандемија од такви размери, со која луѓето последен пат се соочија пред сто години, за време на шпанскиот грип.