
Легендарниот велшки фудбалер Крег Белами ќе го наследи Винсент Компани на клупата на Барнли по неговото заминување во Баерн Минхен. Англиските медиуми пренесуваат дека Белами е само преодно решение за клупата на Барнли, кој сезонава испадна од Премиер Лигата.
Од Барнли информираат дека активно бараат трајно решение на тренерската функција, а во меѓувреме го поставија Белами да се грижи за екипата. Поранешниот фудбалер на Ливерпул му беше асистент на Компани во двата претходни клуба во кои работеше белгиецот, Андерлехт и Барнли.
Скот Паркер и Френк Лампард се на врвот на листата кандидати за нов менаџер на Барнли.