ВЕСТИСВЕТ

Кремљ: Ако САД и дозволат на Украина да користи ракети, тоа ќе го продлабочи нивното учество

Доколку Соединетите Американски Држави и дозволат на Украина да користи оружје од американско производство за напади на руска територија, тоа ќе доведе до зголемување на тензиите и продлабочување на американското учество во конфликтот меѓу Русија и Украина, објави денеска Кремљ.

Advertisements

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков истакна дека рускиот претседател Владимир Путин претходно јавно го кажал својот став за потенцијалната дозвола на САД за употреба на ракети, односно дека употребата на такво оружје значи директно учество на земјите од НАТО во конфликтот во Украина, пренесува РИА Новости.

Песков посочи дека наводите за дозволата од САД се уште не се официјално потврдени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button