ВЕСТИСВЕТ

Кремљ не го отфрла однапред планот на Шолц за мир во Украина, но сака да ги знае деталите

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека во моментов нема реални предуслови за мирно решавање на конфликтот во Украина и дека Москва не отфрла ниту еден план за решавање на украинското прашање, но дека мора да ги знае неговите детали.

Advertisements

Коментирајќи ги наводите на одредени западни медиуми кои тврдат дека германскиот канцелар Олаф Шолц подготвува план за мирно решавање на ситуацијата во Украина, Песков рече дека не знае детали.

„Не знаеме ништо повеќе од она што го објавија медиумите – дека се подготвува некаков план. Не знаеме кои се деталите. Не исклучуваме никакви планови однапред, но треба да видиме за што се работи“, изјави портпаролот на Кремљ, пренесе Танјуг.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button