СВЕТ

Кремљ потврди: Трамп и Путин утре ќе разговараат телефонски

„Разговорот е во подготовка“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на дневниот брифинг за новинари.

Advertisements

Трамп синоќа изјави дека ќе разговара со Путин во рамките на американско-руските напори за прекинување на војната во Украина.

– Веќе се дискутираше за многу работи со двете страни – Украина и Русија. Ќе зборуваме за тоа, за поделба на одредени ресурси, изјави Трамп во претседателскиот авион, алудирајќи на „размена на делови од територии и електрани“.

За време на неодамнешните преговори меѓу украински и американски делегации во Саудиска Арабија, предложен е 30-дневен прекин на огнот. Американскиот пратеник Стив Виткоф му го пренесе предлогот на Путин.

Ова ќе биде втор телефонски разговор меѓу двајцата лидери оваа година, откако на 12 февруари разговараа за билатералните односи и ситуацијата во Украина.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button