Кремљ: Средба меѓу Путин и Трамп е „несомнено неопходна“

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека средба помеѓу рускиот и американскиот претседател е „несомнено неопходна“, но дека мора темелно да се подготви, пренесува Анадолу.
Зборувајќи на прес-конференција во Москва, Песков рече дека билатералните односи, меѓународните прашања и украинската криза треба да бидат главни теми на средбата меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп.
„Таква средба е несомнено неопходна и од гледна точка на билатералните руско-американски односи и од гледна точка на дискусија и водење сериозен разговор на највисоко ниво за меѓународни работи и регионални прашања, вклучувајќи ја, секако, кризата околу Украина“, рече тој.
Запрашан за мировните преговори меѓу руските и украинските делегации во Истанбул, Песков рече дека Путин ги добива сите информации за ова дури и „во реално време“.
Претходно американскиот претседател, Доналд Трамп оцени дека е потребна итна средба помеѓу него и Владимир Путин.