СПОРТ

Крис Пол шести асистент во историјата на НБА

Кошаркарот на Феникс, Крис Пол се искачи на шестото место по број на асистенции во историјата на НБА. Триесет и петгодишниот Пол ноќеска на натпревар од регуларниот дел од сезоната против Мемфис (128:97), имаше шест асистенции по што го престигна Оскар Робертсон (9.887 асистенции). Сега Пол има вкупно 9.891 асистенции во кариерата.

Лидер на листата во оваа статистичка категорија е поранешниот плејмејкер на Јута, Џон Стоктон со 15.806.

Пред Пол уште се и: Џејсон Кид (12.091 асистенција), Стив Неш (10.335), Марк Џексон (10.334) и Меџик Џонсон./MIA

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button