СПОРТФУДБАЛ

Кристијан Тошевски ќе го засили тимот на Шкупи?!

Повремениот македонски сениорски репрезентативец, Кристијан Тошевски ќе го засили тимот на Шкупи ова лето. Откако мина извесен период во тимот на Тирана од Албанија, Тошевски се враќа во домашниот шампионат. Претходно во ПМФЛ тој настапуваше за екипите на Тетекс, Вардар и Пелистер.

Advertisements

Тој доаѓа како новитет по бранот на заминувања од Чаир летово, кое секако го предводеше најпрво тренерот Гоце Седлоски, па потоа и Владица Брдаровски како и дел од странците кои повеќе нема да бидат дел од Шкупи.

Тошевски секако дека е екстра засилување за чаирчани кои очигледно планираат по лошата сезона во која ја испуштија титулата, следната сезона повторно да го вратат ПМФЛ пехарот во своите витрини./sportmedia.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button