
Кристијано Роналдо го прослави својот 40. роденден и на влезот во петтата деценија од животот не размислува за крај во фудбалот. Португалската супер-ѕвезда е еден од најпопуларните фудбалери на светот, па доби неверојатен подарок далеку од своето живеалиште.
Од страна на италијанскиот уметник Серџо Фурнари, на култниот плоштад во градот Њујорк – Тајмс Сквер, се појави статуа посветена на Роналдо.
Во бронзена легура е креиран ликот на португалската ѕвезда во националниот дрес. Статуата беше промовирана во Њујорк, се собра голема маса на посетители и се извикуваше фамозното „СИУ“ на Роналдо.
Иако му направија огромна чест, поради клупските обврски Кристијано Роналдо не можеше да одговори на понудата да биде присутен на оваа церемонија.