
Кристијано Роналдо ќе остане член на Ал-Наср oд Саудиска Арабија најмалку уште една година. Еден од најпопуларните фудбалери на денешницата, кој неодамна наполни 40 години, а чиј договор истекува ова лето, се согласил да ја продолжи соработката со тимот од Ријад. Договорот е потпишан на 1+1 година.
Оваа информација ја соопштија лолакните медиуми, а наскоро се очекува клубот да излезе со официјални детали.
Португалецот пристигна во Ал-Наср на крајот на 2022 година, а оваа сезона има 24 гола и четири асистенции на 26 натпревари. Во кариерата досега има постигнато 924 гола. Роналдо моментално добива 200 милиони евра годишно од Ал-Наср.