СПОРТФУДБАЛ

Кристијано Роналдо продолжува со нови рекорди во Гинисовата книга

Кристијано Роналдо пред реванш натпреварот против Данска во четвртфиналето во Лигата на Нации прими награда за влез во Гинисовата книга на рекорди за 132-те победи во репрезентативната кариера, што е најмногу во историјата на фудбалот.

Advertisements

Овој рекорд дополнително се зголеми со триумфот на Португалија со 5-2 по продолженија со што воедно беше надоместен заостатокот од првиот меч.

Еден од најзаслужните за успехот беше и самиот Роналдо кој и покрај тоа што промаши пенал во 2. минута, ја затресе мрежата во 72. минута за предноста на својата репрезентација.

Инаку за Роналдо ова беше четврти пат да влезе во Гинисоватак книга на рекорди откако од претходно е: Најдобар стрелец во меѓународниот фудбал, прв играч кој постигнал 100 гола во Лигата на Шампионите и најследен човек на “Инстаграм”.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button