ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Критики од хотелиерите и угостителите во Охрид и Струга за рестрикциите од понеделник

Новите рестриктивни мерки на Владата кои се најавени дека треба да стапат во сила од понеделник на 16 август, ќе се одразат негативно на остатокот од туристичката сезона, се жалат хотелиерите од Струга и Охрид. Тие коментираат дека веќе се соочуваат со откажувања на аранжмани. Во дел од хотелите кои ги контактираше Алсат, веќе има откажувања и на семинари кои биле закажани за наредната недела, а откажани се и дел од свадбените веселби.

Advertisements

„Последната мерка на владата сигурно ќе донесе потешкотии бидејќи знаеме дека сè уште трае туристичката сезона. Можеби е кратка, но ќе има свои последици бидејќи кај луѓето создава стрес. Прашуваат како ќе биде, дали ќе може да влегуваме, бидејќи некои се вакцинирани, но некои не се вакцинирани. Ќе биде тешко да се менаџира“, рече Ерхан Папранику-менаџер на хотел во Струга.

Наместо доказ за вакцинација некои од хотелиерите сметаат дека требало да бидат воведени други мерки на заштита, како на пример брзи антигенски или ПЦР тестови. Се бара да се променат или да се адаптираат дел од најавените мерки.

„Првите забелешки беа за воведување на редарска служба. Има многу недоречености околу тоа како некој гостин дошол кај нас, потоа дали ќе биде во ред еден хотел да не го услужи заради неговиот статус дали е вакциниран или не е вакциниран, ако веќе влегол во државата…“, рече Михаил Мишев-претседател на здружение на угостители Охрид.

Според донесените владини мерки, од 16 август целосно се забранува работа и организација на секаков вид настани на затворено во сите угостителски објекти. Присуството пак, во угостителските објекти кои имаат капацитет над 30 гости, како внатре, така и надвор, ќе биде условено со приложување на доказ за барем една примена доза од некоја од антиковид вакцините.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button