ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Критики од стопанските комори за незавршениот автопат Кичево-Охрид

Критики од стопанските комори за незавршениот автопат Кичево-Охрид

Големите инфраструктурни проекти што ги реализираат странските компании, ги држат работите во заложништво, велат од Стопанската комора. Според нив и Коридорот 8 и 10Д, кој сè уште не е започнат, а исто и автопатот Кичево-Охрид, кој годинава одбележува 10-годишен јубилеј од почетокот на градежните работи. Инженерот Страшо Милковски, кој е ангажиран на овој автопат, вели дека странските компании ги добиваат проектите според договори од интереси на политичарите, а работниците се од нашата земја.

Токму за овој проект, државата ќе повлече уште 50 милиони евра од кинеската Ексим банка за продолжување на работите на автопатот Кичево-Охрид во должина од 57 километри. За изградба на само 1 километар се трошат по 9 милиони евра. Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески оцени дека прекршувањата на роковите и зголемувањето на трошоците се резултат на лошите политики.

 И покрај дополнителниот кредит од 180 милиони долари, доцнењето на изградбата за уште 6 години и зголемувањето на вредноста на договорот за 45%, автопатот кон Охрид сè уште не е готов. Од 2015 до 2022 година се инвестира во недовршени проекти и објекти, трошоци по основ на камати, провизии за нераспределени средства, експропријации и други трошоци, приближно 31 милион евра. Не е сосема јасна ниту потребата од нив. Никој од институциите не знае да каже уште колку години ќе се гради автопатот Кичево-Охрид. Последниот рок помина на 31 декември 2023 година./Alsat.mk

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button