ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Критики за Гаши – работи по нарачки од ВМРО ДПМНЕ

Критики за Гаши – работи по нарачки од ВМРО ДПМНЕ

Бројни забелешки за досегашното работење на Африм Гаши како претседател на Собранието доаѓаат од опозициската партија СДСМ. Забелешките главно се однесуваат на доставување на предлог закони по скратена постапка, еден ден пред седница, со што се скратува можноста да се расправа и да се интервенира со амандмани. Конкретен случај, како што најави пратеникот Фатмир Битиќи, бил предлог законот за јавен долг, кој вчера беше ставен на дневен ред, а денеска ќе се гласа по него.

Advertisements

Битиќи вчерашната расправија со пратеничката Даути ја нарече втора епизода, бидејќи првата било гласањето за интерпелацијата против Даути.
Европскиот фронт го нарекува Гаши формален спикер на Собранието, а додава дека работи по налог на ВМРО-ДПМНЕ.

„За жал, господинот Гаши е еден од оние министри кои се отуѓуваат со давање една изјава, а потоа се принудени да даваат друга изјава. Неформален претседател на Собранието е некој друг, тоа не е Гаши. Тој само зема плата и си ја врши службата како Албанец да е претседател на Собранието. Кој е неформалниот претседавач? Да, го имате во редовите на ВМРО-ДПМНЕ„, рече Блерим Беџети – Европски фронт.

Европскиот фронт се уште не одлучил кој ќе ја замени Илире Даути во комисијата за социјална политика и се уште се водат консултации во рамките на Фронтот. Сепак, според пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ, тоа не претставува пречка да функционира комисијата, а може да ја води пратеникот Илир Демири.

Европскиот фронт повторно ќе ја води Комисијата за социјална политика, врз основа на политичкиот договор по конституирањето на Собранието. Како што најави Беџети, кој и да е новиот претседател, комисијата повторно нема да го разгледува предлог законот за бранители./Алсат.мк

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button