
Ребалансот на буџетот е премногу оптимистички. Стапката на инфлација може да биде повисока, а растот на економијата понизок. Ова е првичната оценка експертската јавноста за предлог ребалансот на државната каса. Непродуктивните трошоци не се скратени доволно, социјалните трансфери се зголемени премногу и може дополнително да ја влошат инфлацијата, вели Благица Петрески од Институтот за економски истражувања, Финанс Тинк.
„Очекувањата се дека бруто-домашниот производ може да биде со пониска стапка, додека стапката на инфлација може да биде повисока од проекцијата. Субвенциите очекувано беше дека ќе растат заради справувањето со енергетската криза и инфлацијата, меѓутоа растот од 40 проценти е преголем и дополнително остануваат оние недостатоци кај субвенциите коишто се поврзани со недоволното таргетирање“, изјави Благица Петрески, Институт за економски истражувања „Finance Think“./Алсат.mk