ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кривичен без одлука за Рамадани

Кривичен без одлука за Рамадани

Кривичниот суд се уште нема донесено одлука дали косовскиот државјанин Блерим Рамадани, кој моментално се наоѓа во притвор, ги исполнува условите за екстрадиција или не. Од Министерството за правда кусо соопштија дека за да почне постапката потребна е одлуката на Судот, која според досегашните практики не се носи толку брзо.

Advertisements

„Од МВР штотуку нè известија дека на лицето Блерим Рамадани му е одреден екстрадиционен притвор во траење од 30 дена. Министерството за правда ќе донесе одлука кога судот ќе потврди дека се исполнети законските услови за екстрадиција“, велат од Министерство за правда.

Од Кривичниот суд велат дека има време за ваква одлука.

Министерството за надворешни работи на Косово најави дека ќе ги искористи сите дипломатски канали за да обезбеди ослободување на Блерим Рамадан. Од таму соопштија дека Амбасадата на Косово во Скопје ангажирала тим правни експерти за што поскоро ослободување на Рамадан и негово враќање кај семејството. , се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи и дијаспора.

Блерим Рамадани беше уапсен на 17 јули на граничниот премин Јажинца, врз основа на налог за апсење издаден од Судот во Белград, преку Интерпол Србија, со барање за воени злосторства во 1999 година.Неговото апсење предизвика институционални и политички реакции во двете земји, додека во саботата во Скопје пред Кривичниот суд протестираа членовите на семејството и ветераните на ОВК кои побараа негово ослободување. По Гафур Дуголи, уапсен во март 2016 година и апсењето на Томор Морин во јули 2019 година, Блерим Рамадани е третиот државјанин на Република Косово кој како поранешен војник на ОВК е уапсен со меѓународна потерница по барање на властите на Србија.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button