ВЕСТИСВЕТ

Кривичен: Одговорноста за бегството на Блерим Рамадани треба да се бара кај полицијата

Кривичен: Одговорноста за бегството на Блерим Рамадани треба да се бара кај полицијата

Одговорноста за бегството на Блерим Рамадани треба да се бара кај полицијата е реакцијата на Кривичниот суд Скопје, по обвинувањата дека одговорноста за бегството на Рамадани паѓа на судијата Пајазит Пајазити, кој мерката ефективен притвор ја замени со куќен притвор.

Advertisements

„Согласно законските одредби може да се предвидат полесни мерки како куќен притвор, мерки за обезбедување присуство или гаранција – што е нагласено во решението, додека надзорот над куќниот притвор, согласно решението, е доверен на Министерството за внатрешни работи и тоа надлежниот полициски службеник. Одговорност за бегството треба да се побара од органот што го врши надзорот“, велат од Кривичен суд Скопје.

Во однос на замената на ефективниот притвор со куќен притвор,од кривичен појаснуваат дека во согласност со судската практика, ова е максимално време што секое лице го минува во екстрадиционен притвор.
Апелираат случајот да не се користи за политички пресметки.

„Судскиот совет на РСМ може и треба да провери и да констатира дали судот постапил според законските одредби и практиката во повисоките судови. Но, апелираме предметот да не се користи за политички пресметки, особено ако јавноста не е запознаена со клучните факти за конкретниот случај, судската пракса и пред се правната надлежност“, велат од Кривичен суд Скопје.

Кривичниот суд во соопштение вели дека бројните реакции за овој случај ја нарушуваат довербата на граѓаните во судството./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button