ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кривичен: Судијката да го заврши предметот за Ласкарци, за да не се враќа од почеток

Кривичниот суд бара судијата во случајот „Ласкарци“, Александра Ристеска која беше избрана за судија во Апелација, да остане на предметот, до крајот на судењето- процесот е во завршни зборови и веќе се закажани неколку рочишта за следните недели.

Advertisements

„Судијката за која станува збор останува времено делегирана во Кривичниот суд до објавување на одлуката за случајот „Ласкарци“. Судењето за овој случај е во фаза на завршни зборови и веќе се закажани четири судски седници за ноември и декември. Барањето се заснова на економски причини и на ефикасноста на постапката за да се избегнат непотребни одолговлекувања, бидејќи повикувајќи се на законските одредби, со промената на судискиот совет, процесот се враќа на почеток, почнувајќи од вербалните, материјалните докази и стручни наоди“, велат од Кривичен.

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагираше на вчерашните одлуки на Судскиот совет за избор на 8 судии во Апелација без почитување на ранг-листата одобрена од самиот совет.

„Судскиот совет при изборот на судии во Апелација повторно ја прекрши ранг листата на кандидати, без да даде соодветни оправдувања за секој пропуст, поточно за секој кандидат посебно. Наместо тоа, членовите на советот заклучија дека поради пропустите во методологијата за рангирање на кандидатите ќе има „други дефинирани параметри и критериуми“ без да наведат образложение кои критериуми се земени предвид“, наведуваат од коалицијата „Сите за правично судење“.

Судскиот совет пред неколку дена меѓу судиите на Апелација ги избра и Осман Шабани, кој ги суди предметите „Титаник 1“ и „Талир“, како и судијката Александра Ристевска која суди во случајот „Ласкарци“. Во случај да не бидат делегирани на Кривичен до крајот на судењата, трите предмети ризикуваат да бидат вратени од почеток, додека „Титаник 1“ и „Талир“можат и да застарат врз основа на измените во Кривичен законик. Советот не ја почитуваше листата на рангирани судии со што ги дисквалификуваше двајцата судии со највисок рејтинг, Оља Ристова и Бетим Јахја. Поддршка не доби ниту Лазар Нанев, актуелен претседател на Основниот суд во Кавадарци.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button