ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кривична и притвор за Турчин поради обид за убиство во Скопје

Кривична и притвор за Турчин поради обид за убиство во Скопје

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против У.Х. (35) од Р.Турција за сторено кривично дело обид за убиство по чл.123 ст.1, во врска со чл. 19 од КЗ, а од страна на судија на претходна  постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

Advertisements

На 10.05.2025 околу 04 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода У.Х., затоа што околу 01.30 часот физички го нападнал и му нанел тешки телесни повреди на А.С.(34) од Р.Турција, кој бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза” за укажување помош.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button