Кривична пријава против градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски

Полицијата до Обвинителството поднесе кривична пријава против градоначалник на општина Скопје и пет лица вработени во Секторот за урбанизам во истата општина и правно лице од Скопје, поради сомнение дека сториле кривично дело „Злоупотреба на должност и службено овластување“. Се работи за вработени во општина Карпош и градоначланикот Стевчо Јакимовски.
„Спротивно на Законот за градење и Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, констатирале дека наводно објектите за спорт и рекреација – тениски игралишта ги исполнуваат условите за нивна легализација, иако таков вид на објекти се времени објекти и не можат да бидат предмет на легализација, по што изготвиле и заедно со пријавениот градоначалник потпишале урбанистичка согласност, а по плаќањето на одредениот данок на имот, изготвиле и потпишале решение за утврдување на правен статус на бесправен објект“, наведуваат од МВР.
Според полицијата, на овој начин му овозможиле на пријавеното правно лице да ги регистрира објектите наводно без дозвола, на вкупна површина од околу 4.000 метри квадратни. Со ова буџетот е оштетен за 2,4 милиони евра.
Реагираше општина Карпош која кривичната пријава ја оцени како тенденциозна и злонамерна. Секторот за урбанизами правниот сектор на оваа општина оценија дека кривичнаата пријава е политички мотивирана.
„Општина Карпош внимателно ја испита легализацијата на спортските објекти во Александар Палас и работата е решена согласно законот. Од општина Карпош категорично тврдат дека легализацијата за овие спортски објекти е законска, бидејќи за се што се издава одобрение за градба се врпи легализација а за истите објекти правното лице Алекснадар Палас има одобрение за градба од Министерството за транспорт и врски, за кое не го спровеле во Катастар“, наведоа од општина Карпош.
Јакимовски и во 2019 година беше обвинет за злоупотреба на службената должност и заедно со уште 10 лица, од кои дел беа вработени во општината.
Суад Бајрами