ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кривична пријава против поранешен министер за внатрешни работи

Синдикатот на полиција во Македонија до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поднесе кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи О.С., како и против Д.Ч. актуелна претседателка на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Поднесената кривична пријава, како што рече денеска во изјава за медиумите Орце Коцевски, претседател на Синдикатот на полиција во Македонија, е поради постоење основано сомневање за сторени две кривични дела – повреда на право од работен однос и злоупотреба на службена положба и овластување.

Пријавениот О.С., чии иницијали се поклопуваат со поранешниот министер Оливер Спасовски, подготвил отказно решение за вработена во МВР, за кое Коцевски вели дека во ниту еден случај не смеел да го изготви.

„По претходно спроведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на работник во МВР за полесна повреда на кршење на работна дисциплина првопријавениот во својство на министер изготвил решение што во ниту еден случај не смеел да го изготви, а потоа изготвил и решение со кое на работникот В.Р. ѝ врачил отказ“, рече Коцевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button