Kривична пријава против поранешната организациска директорка на токсикологија Бесије Илјази

МВР поднесе кривична пријава против поранешната организациска директорка на токсикологија Бесије Илјази која во време на предизборие склучи 15 нови договори за вработување и извршила 17 исплати. Од МВР велат дека плаќањата биле извршени спротивно на законските одредби. Истиот ден кога Илјази стапи на должноста в.д. организациски директор во токсикологија, беа распишани претседателските и парламентарните избори, на кои согласно законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, изборниот законик, како и законот за здравствена заштита, не е дозволено да се склучуваат договори за вработување на лица или да се извршуваат вонредни плаќања.
По разрешувањето на директорот на токисокологија, од страна на министерот за здравство, Илјази сама стави потпис на договорите за вработување. Таа извршила исплата и ретроактивно за месеците април и мај за што ќе одговора за злоупотреба на службената должност.