Кривична пријава против поранешниот амбасадор на Македонија во Обединетите Нации во Њујорк, Љубомир Фрчкоски
Кривична пријава против поранешниот амбасадор на Македонија во Обединетите Нации во Њујорк, Љубомир Фрчкоски

Кривична пријава е поднесена против поранешниот амбасадор на Македонија во Обединетите нации Љубомир Фрчкоски кој е осомничен за злоупотреба на службена положба. Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против него и уште тројца вработени од Мисијата во Њујорк, обвинувајќи ги за неправилно располагање со државни пари.
„Овие средства, незаконски и ненаменски ги потрошил и постапил спротивно на Правилникот за финансиско и материјално работење, Упатството за водење на финансиското и материјалното работење, Правилникот за плата, додатоци на плата и надоместоци на определени трошоци и Интерната процедура за начинот и постапката на планирање, спроведување и реализација на јавните набавки“, рече МВР.
Фрчковски, исто така, се сомничи за незаконско користење на буџетски средства преку земање аванси за службени патувања, надминување на дозволениот износ за мобилен телефон, како и неосновани и двојни плаќања за телефонски сметки. Според пријавата, со нивните незаконски дејства Ферчковски, Катина Георгиева, Јон Ивановски и Ивана Спиковска, сите заедно го оштетиле буџетот на државата во висина од 116.576 долари./Алсат.мк
Зекирија Хаџиу