МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава против поранешниот директор на Центарот за култура во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против поранешниот директор на Центарот за култура – „Григор Прличев“ во Охрид Г.С.(48), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Advertisements

Како што соопшти денеска МВР, во периодот на 2023 година, во својство на директор на Национална установа – Центар за култура – „Григор Прличев“ во Охрид, за време на одржување на фестивал на народни песни и игри 2023 година, за сместување на 72 лица, од туристичка агенција им била издадена фактура во износ од 387.450 денари.

По извршените проверки било утврдено дека во книгата на евиденција биле запишани 48 лица, при што е констатирано дека националната установа, претставувана од пријавениот, била оштетена за износ од 151.290 денари. 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button