ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кривична пријава за четворица вработени во затворската полиција за  „Противзаконито  ослободување на лице лишено од слобода“

Кривична пријава за четворица вработени во затворската полиција за  „Противзаконито  ослободување на лице лишено од слобода“

Единицата за корупција во Сектор за криминалистички истраги при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против четворица затворски полицајци, командир и надзорници, вработени во КПУ Идризово и тоа: С.Д. (50), Т.А. (34) И.А. (49) и Т.П. (47) за сторено кривично дело „Противзаконито  ослободување на лице лишено од слобода“ по член 373 од КЗ. Тие на 12.01.2023, спротивно на законот, го ослободиле лицето Б.М. – осудено за кривично дело по член 123 – убиство, кое им било доверено на чување и му помогнале да побегне.

Advertisements

Имено, на 12.01.2023 околу 22.50 часот осудениот Б.М., планирано и во договор со затворските полицајци и лица од надвор, се повредил така што си нанел расокотина на левата дланка, по што бил однесен во домската амбуланта, од каде било дадено препорака Б.М. да се пренесе во Клинички центар „Мајка Тереза“-Ургентен центар со цел санирање на повредата. За настанот бил запознат дежурниот командир на смена, првопријавениот С.Д., кој наредил да се изготви наредба за спровод од КПУ Идризово до Клинички центар „Мајка Тереза“ за осуденото лице од страна на затворските полицајци Т.А., И.А., Т.П. и И.Х..

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button